МНР на РТ ги осуди терористичките напади во Нигерија

Турското министерство за надворешни работи ги осуди последните терористички напади во Нигерија во кои десетици лица го загубија животот

381717
МНР на РТ ги осуди терористичките напади во Нигерија

Министерството за надворешни работи на Турција ги осуди реализираните терористички напади во провинциите Гомбе и Јобе во североисточниот дел на Нигерија.

Во објавеното соопштение од министерството за истакнува дека Турција чувствува големо жалење од завчерашниот напад на еден пазар во Гомбе-главен град на истоимената провинција во кој животот го загубија 49 лица и терористичките напади кои што вчера утрото беа извршени врз верниците кои клањаа намаз во една џамија во градчето Даматуру во провинцијата Јобе во кои пак животот го загубија 9 лица.

Во истото соопштение се вели следното: „Посакуваме лицата и организаторите кои се наоѓаат во позадината на овие безмислони терористички напади кои пролеаја крв во овој свет ден на муслиманите во најскоро време да бидат фатени и да им биде изречена најтешката казна што ја заслужуваат. Ја нагласуваме нашата поддршка на борбата на Нигерија против тероризмот и посакуваме во најскоро време да бидат воспоставени мирот и спокојството во регионот.“


Тагови:

Слични вести