Претседателот Ердоган се состана со катарскиот емир Ал Тани

Претседателот на Републиката Р. Т. Ердоган синоќа во дворецот Хубер во Тарабја во Истанбул се состана со катарскиот емир Шејх Темим Бин Хамед Ал Тани

380042
Претседателот Ердоган се состана со катарскиот емир Ал Тани

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган синоќа се состана со катарскиот емир Шејх Темим Бин Хамед Ал Тани.

Средбата на претседателот Ердоган со Емирот на Катар Ал Тани кој допатува во посета на Турција на негова покана, се одржа во дворецот Хубер во Тарабја во Истанбул и беше затворена за печатот.

На средбата на која беа разгледани билатералните односи беше направена проценка и на низа актуелни регионални прашања на чело со Сирија, Ирак, Јемен и Либија.

Посетата се очекува да послужи за унапредување на воспоставената стратешка соработка помеѓу Турција и Катар, како и за зајакнување уште повеќе на односите помеѓу братските народи на двете земји.


Тагови:

Слични вести