Започнаа коалициските разговори

Мандаторот за составување на новата влада Ахмет Давутоглу се состана со Претседателот на Републиканската народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу

379893
Започнаа коалициските разговори

Претседателот на Партијата за правда и развој (АКП) Ахмет Давутоглу кој од страна на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган беше назначен за мандатор за формирање на нова влада, денеска се состана со Претседателот на Републиканската народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу.

Давутоглу и делегацијата во негова придружба утре ќе се состане со претседателот на Партијата за националистичко движење (МХП), а во среда и со копретседателите на Демократската партија на народите (ХДП).

Мандаторот за формирање на нова влада и премиер Ахмет Давутоглу во рамките на првата рунда од разговорите ќе го опипа пулсот, а на маса ќе бидат поставени принципите и ветувањата.

Давутоглу во зависност од резултатите од првата рунда ќе премине на втората рунда од разговорите.


Тагови:

Слични вести