Треба да се даде поддршка на мирот и благосостојбата во БиХ

Нивниот успех истовремено ќе значи успех на целото човештво

378821
Треба да се даде поддршка на мирот и благосостојбата во БиХ

Денес се погребуваат новоидентификуваните жртви на Сребреница.

Во 1995 година, 8 372 Бошњаци во Сребреница беа убиени само поради тоа што се беа муслимани.

Денес во меморијалниот центар Поточари ќе бидат погребани посмртните остатоци на уште 136 новоидентификувани жртви кои беа убиени во геноцидот во Сребреница.

Во рамките на 20-та годишнина комеморација на Геноцидот во Сребреница, учествуваат голем број шефови на држави и премиери, меѓу кои и премиерот Ахмет Давутоглу.

Во говорот што го одржа на комеморацијата, премиерот Давутоглу рече дека треба да се даде поддршка на мирот и благосостојбата во Босна и Херцеговина бидејќи мирот во Босна и Херцеговина, значи мир на Балканот, Европа и целиот свет.

Нивниот успех истовремено ќе значи успех на целото човештво. Нивниот неуспех пак за жал ќе значи неуспех на целиот свет и сите нас, рече премиерот Давутоглу.

Уште еднаш сакам да подвлечам дека ја споделуваме тагата и жалоста на семејствата на жртвите, рече премиерот Давутоглу и ја изнесе поддршкатга на Турција на Босна и Херцеговина, потенцирајќи дека Турција секогаш ќе ги подржува Босна и Херцеговина, Сребреница и семејствата на жртвите на Сребреница.

Наша должност е случувањата што се случија во Сребреница никогаш да не ги заборавиме и истовремено да постигнеме да не се гаи култура на омраза и освета, рече премиерот Давутоглу и додаде дека Босна и херцеговина е земја со различна етничка и културна разновидност.

Најстарата жртва меѓу последните 136 новоидентификувани посмртни остатоци, 75 годишниот Јусуф Смајловиќ денес ќе биде погребан заедно со синот и внукот.

Меѓу жртвите кои денес ќе бидат погребани се наоѓаат и 18 неполнолетни лица.

По денешното погребување на посмртните остатоци на уште 136 жртви, бројот на жртвите не геноцидот во Сребреница кои ќе бидат погребани во Меморијалниот центар Поточари ќе се зголеми на 6 377.


Тагови:

Слични вести