Висока делегација од САД ги продолжува разговорите во Турција

Портпаролот на американскиот државен секретаријат Џон Кирби истакна дека Џон Ален и делегацијата во негова придружба во Турција реализираат конструклтивни разговори

344361
Висока делегација од САД ги продолжува разговорите во Турција

Специјалниот претставник на американскиот претседател Барак Обама за глобалната коалиција за борба против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) пензионираниот генерал Џон Ален ги продолжува разговорите во Турција.

Портпаролот на американскиот државен секретаријат Џон Кирби истакна дека Џон Ален и делегацијата во негова придружба во Турција реализираат конструктивни разговори во име на заедничките активности кои што се водат во рамките на борбата против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ).

Посочувајќи на тоа дека меѓу делегациите на двете земји се разгледуваат голем број различни прашања, Кирби не даде детали во врска со содржината на разговорите.

Кирби се задоволи само со изнесување на следното: „Разговорите се во оската на борбата што се води против ДЕАШ.“

Потсетувајќи дека Турција е значаен партнер во борбата против ДЕАШ (ИДИЛ) Кирби привлече внимание на значењето од тоа што Турција прифати приближно два милиони Сиријци и Ирачани кои избегаа од судирите во овие земји.

Џон Кирби стави акцент на задоволството на неговата земја поради улогата што ја одигрува Турција по ова прашање.


Тагови:

Слични вести