Чавушоглу престојува во посета на Дубровник

Приоритетите на Турција во периодот на привременото претседателствување со Г-20 се сеопфатност, имплементација и инвестирање за развој

378533
Чавушоглу престојува во посета на Дубровник

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу престојува во Дубровник каде што учествува на Хрватскиот форум 2015.

Министерот Чавушоглу во говорот на форумот се осврна приоритетите на Турција во периодот на привременото претседателствување со Г-20.

Мевљут Чавушоглу рече дека приоритетите кои ги определи Турција во периодот на привременото претседателствување се сеопфатност, имплементација и инвестирање за развој.

Министерот Чавушоглу рече дека во периодот на привременото претседавање на Турција со Г-20, првпат ќе се состанат министрите за енергија на земјите членки, а исто така ќе се посветат на досието за безбедноста на храната.

Министерот Чавушоглу одговараше и на прашањата на хрватската државна телевизија.

Во врска со случувањата во војната во Босна и Херцеговина, министерот Чавушоглу рече дека ветото на гласањето за предлог-резолуцијата на седницата на СБ на ОН со која се предвидуваше да се признае геноцидот во Сребреница, за жал предизвика големо разочарување.


Тагови:

Слични вести