МНР на Турција го осуди Тајланд

Турција го осуди Тајланд кој 115-те притворени Турци Ујгури ги предаде на Кина

339548
МНР на Турција го осуди Тајланд

Министерството за надворешни работи на Турција ја осуди тајландската влада која 115-те притворени Турци Ујгури спротивно на нивната волја ги предаде на Кина.

Во соопштението на министерството се нагласува дека и покрај преземените низа иницијативи кај тајландските власти и надлежните меѓународни организации се осудува овој начин на однесување на тајландската влада која е спротивно и на меѓународното право за човекови права.

Со соопштението се додава следното: „Судбината на нашите сонародници ќе продолжи да се следи одблизу и со внимателност од страна на нашата земја и меѓународната заедница.“


Тагови:

Слични вести