Давутоглу мандатор за состав на новата влада

Претседателот на Републиката Р. Т. Ердоган го назначи претседателот на АК Партијата Ахмет Давутоглу за мандатор за состав на 63-тата влада.

339540
Давутоглу мандатор за состав на новата влада

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган го прими претседателот на Партијата за правда и развој (АКП) Ахмет Давутоглу.

На приемот во куллијето (комплексот од градби) на претседателската палата во Бештепе претседателот Ердоган го назначи Давутоглу за мандатор за составување на новата влада по одржаните општи избори на 7 јуни.

Приемот траеше приближно 1 час и 15 минути.

По приемот првата изјава пристигна од портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин кој преку социјалната мрежа Твитер напиша: „Претседателот мандатот за формирање на 63-тата влада му го додели на господинот Ахмет Давутоглу. Нека е ајирлија.“

Премиерот Ахмет Давутоглу пред приедениот ифтар со работниците на третиот висечки мост на Босфор „Јавуз Султан Селим“ истакна дека првата рунда од разговорите за формирање коалиција планира да ја започне во понеделник и да ја заврши во петокот, првиот ден од муслиманскиот верски празник Бајрам.

Велејќи „Најпрвин ќе разговараме со претседателите на трите политички партии до кои се доставуваат и нашите барања за средба“ Давутоглу истакна дека во тие рамки согласно процентот на освоени гласови на изборите планира средби најпрвин со Републиканската народна партија (ЏХП), а потоа редум и со Партијата за националистичко движење (МХП) и Демократската партија на народите (ХДП).

По назначувањето на Давутоглу за мандатор рокот од 45 дена за составување на новата влада ќе истече на 23 август.

 



Тагови:

Слични вести