Висока делегација на Пентагон во посета на Анкара

На разговори во Турција допатува висока американска делегација предводена од специјалниот претставник на американскиот претседател Барак Обама за борба против ДЕАШ (ИДИЛ) Џон Ален

336922
Висока делегација на Пентагон во посета на Анкара

Анкара ги следи одблизу случувањата во северниот дел на Сирија.

Во текот на овој процес не се намалува интензитетот и на разговорите помеѓу Анкара и Вашингтон.

Во рамките на сиве овие случувања на разговори во Турција допатува специјалниот претставник ан американскиот претседател Барак Обама за борба против ДЕАШ (ИДИЛ) Џон Ален.

Ален во рамките на посетата на Анкара е придружуван и од потсекретарот на американскиот секретаријат за одбрана Пентагон Кристин Вормат.

Американската делегација предводена од Џон Ален во Анкара се состана со високи воени и цивилни функционери, а имаше средба и со потсекретарот на министерството за надворешни работи амбасадорот Феридун Синирлиоглу.

На преден план на разговорите се најдоа постигнатиот развој во борбата што меѓународната коалиција на чело со САД ја води против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) и придонесите на Турција во овој процес.

Исто така освен барањето на Турција за формирање безбедносна зона на границата со Сирија на маса се наоѓаат и нејзините очекување во правец на оперативната примена на програмата за обучување и опремување на сириската опозиција.

Официјална Анкара за време на оваа посета уште еднаш достави до Пентагон и до своите соговорници дека нема да ги затвори своите очи пред активностите за промена на демографската структура во регионот.


Тагови:

Слични вести