Куртулмуш: Секој притисок раѓа поголемо насилство и гнев

Заменик премиерот Нуман Куртулмуш истакна дека притисокот и зулумот најмногу ќе им наштетат на оние од чија страна се применуваат

336988
Куртулмуш: Секој притисок раѓа поголемо насилство и гнев

Заменик премиерот Нуман Куртулмуш ја критикуваше управата на Народна Република Кина поради притисоците и зулумот што ги врши во Ујгурската автономна област Синкјанг, инаку позната како Источен Туркестан.

Куртулмуш рече: „Притисокот и зулумот најмногу ќе им наштетат на оние од чија страна се применуваат.“

Нуман Куртулмуш синоќа учествуваше на ифтарот приреден во Емирѓан во Истанбул од страна на Платформата на Здруженијата за Источен Туркестан.

На дневен ред на говорот на Куртулмуш што го одржа во оваа пригода се најдоа случувањата во Ујгурската авономна област Синкјанг во Народна Република Кина.

Куртулмуш рече дека секој притисок раѓа поголемо насилство и гнев.

Заменик премиерот Нуман Кутрулмуш ги повика на задача меѓународните организации против зулумот и притисоците што се вршат врз Турците Ујгури кои живеат во областа позната како Источен Туркестан.

Куртулмуш рече: „Секако дека претставува една од најзначајните задачи и на ОН и на организациите кои ги следат прекршувањата на човековите права, отворено да ги споделат со светската јавност овие притисоци и доколку постои одредена неправда истите отворено и по дипломатски патишта да му бидат соопштени на меѓународната јавност.“


Тагови:

Слични вести