Предлог за логистичка соработка од УНД до Грција

Во повикот на УНД под наслов „Да формираме нов Пат на свилата“ беше изнесена желбата за повторно оживување на трговскиот пат од Кина

336232
Предлог за логистичка соработка од УНД до Грција

Предлог за логистичка соработка од Здружението на меѓународни шпедитери (УНД) до Грција која се бори со економска криза.

Ако грчкото раководство го послуша предлогот на турските шпедитери, Грција ќе може да се стекне со годишните приходи во износ од 400 милиони евра со кои се стекнува Бугарија од турските камиони и шлепери.

Во писменото соопштение објавено од страна на УНД беше потсетено дека и натаму продолжува кризата во Грција.

Во повикот на УНД под наслов „Да формираме нов Пат на свилата“ беше изнесена желбата за повторно оживување на трговскиот пат од Кина, преку Анадолија и Медитеранот до Европа.

Во повикот на УНД беше потенцирано дека како резултат на овој потфат и стратешкото значење на регионот, ќе дојде до оживување и зголемување на трговскиот обем на двете земји.

Претседателот на извршниот одбор на УНД, Фатих Шенер рече дека се определуваат и цртаат низа маршрути меѓу Европа и Азија. Додека Турција зазема место во некои од нив, за жал Грција не зазема место во ниту една од нив на патот за Кина. Ако Грција и Турција ги подобрат граничните премини Кипу и Ипсала, тогаш Грција може да се стекне со сериозни логистички приходи од сообраќајот што ќе поминува. Бугарија со годишниот сообраќај од 400 илјади возила претставува добар пример и модел. Ако се земе во предвид овој предлог, Грција навистина може д асе стекне со сериозни приходи.


Тагови:

Слични вести