Давутоглу го промовираше проектот „Град-Човек"

Премиерот Ахмет Давутоглу на промовирањето на проектот „Град-Човек“ истакна дека градот и човекот се надополнуваат меѓу себе и не можат да се одделат еден од друг

332697
Давутоглу го промовираше проектот „Град-Човек"

Премиерот Ахмет Давутоглу синоќа во Сарајот Топкапи во Истанбул го промовираше проектот „Град-човек“.

Во говорот што го одржа во оваа пригода премиерот Давутоглу истакна дека се раѓаат градови каде што и просторот и историјата и човекот како фактори се мешаат во хармонија.
Давутоглу посебно рече дека Истанбул е град кој што треба да се зачува и одбрани, а го подвлече и тоа дека човекот треба да биде свесен за градот во кој живее.
Нагласувајќи дека не може без човекот, а човекот не мое без градот, премиерот Ахмет Давутоглу додаде дека овие два елементи се надополнуваат меѓу себе и не можат да се одделат еден од друг.


Тагови:

Слични вести