Исмет Јилмаз стана 26-ти претседател на Собранието на РТ

За нов претседател на Собранието на РТ избран кандидатот и пратеник од градот Сивас на Партијата за правда и развој (АКП) Исмет Јилмаз.

328202
Исмет Јилмаз стана 26-ти претседател на Собранието на РТ

26-ти претседател на Големото Народно Собрание на Турција стана кандидатот и пратеник од градот Сивас на Партијата за правда и развој (АКП) Исмет Јилмаз.

Во четвртиот круг од гласањето што се одржа вчера во собранието учествуваа двајцата кандидати кои освоија најголем број гласови во третиот круг, кандидатот и пратеник од градот Сивас на АК Партијата Исмет Јилмаз и кандидатот и пратеник од градот Анталја од редовите на Републиканската народна партија (ЏХП) Дениз Бајкал.

На гласањето од вкупно 550 пратеници во собранието учествуваа 547 пратеници. За Исмет Јилмаз гласаа 258 пратеници, додека Дениз Бајкал доби 182 гласа. 29 гласачки ливчиња беа празни, а 78 беа неважечки.

По соопштувањето на резултатот од гласањето Дениз Бајкал му честиташе на Исмет Јилмаз за победата и му посака успех во текот на претседателствувањето со собранието.

Исмет Јилмаз исто така во говорот што го одржа им се заблагодари на пратениците.

Јилмаз рече: „Има многу работи кои што треба да ги реализираме, а имаме малку време на располагање. Нашето собрание е адреса за решавање на секој проблем на нашиот народ. Во овој период има поголема потреба од соработка меѓу институциите во државата од било кога досега.“

Премиерот Ахмет Давутоглу истакна дека на местото на Исмет Јилмаз кој е избран за претседател на Големото Народно Собрание на Турција, за министер за одбрана ќе биде назначена друга личност.


Тагови:

Слични вести