Заврши состанокот на Советот за национална безбедност

На состанокот изразана загриженоста поради активностите за промена на демографската структура на регионот

325239
Заврши состанокот на Советот за национална безбедност

Најкритичниот состанок на Советот за национална безбедност во последниот период кој се одржа под претседателство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган траеше 4 часа.

Главна тема на состанокот беа случувањата на границата со Сирија.

Во соопштението што беше објавено веднаш по состанокот беше изразана загриженоста поради активностите за промена на демографската структура на регионот.

Во соопштението беше истакнато дека на состанокот детално беа разгледани случувањата во јужната соседна земја Сирија, евентуалните закани, како и дополнителните безбедносни мерки што беа преземени по должината на границата. Исто така беше изразена загриженоста од терористичките напади насочени кон цивилното население во регионот и активностите за промена на демографската структура на регионот.

На состанокот Советот за национална безбедност беше подвлечено на индиферентноста на меѓународните организации кон прашањето со бегалците и во тие рамки беше акцентирано дека Турција ќе продолжи со хуманитарната помош на бегалците.

Меѓудругото на состанокот беше актуелизирано прифаќањето на Документот за политиката за национална безбедност од страна на Владата со кој ќе се даде придонес во воспоставувањето на мирот и спокојството во општеството.

Исто така беше подвлечено на одлучноста во борбата против терористичките организации.


Тагови:

Слични вести