Осуда на нападот на главниот јавен обвинител на Египет

Ги осудуваме сите терористички напади насочени врз државните функционери во Египет,се вели во соопштението на МНР

325898
Осуда на нападот на главниот јавен обвинител на Египет

Турција, се истакнува во соопштението издадено од страна на Министерството за надворешни работи, жестоко го осудува нападот на конвојот на главниот јавен обвинител на Египет Хишам Берекат.

Во соопштението се подвлекува следното:ги осудуваме сите терористички напади насочени врз државните функционери во Египет.

Инаку вчера во бомбашки напад во Каиро загина главниот јавен обвинител на Египет Хишам Берекат.

Одговорноста за нападот ја презеде организацијата „Народен отпор“.

 


Тагови:

Слични вести