Денес се гласа за избор на претседател на парламентот

Кандидати за иден претседател на парламентот се Исмет Јилмаз од АКП, Дениз Бајкал од ЏХП, Екмеледин Ихсанодлу од МХП и Денгир Мир Мехмет Фират од ХДП

325502
Денес се гласа за избор на претседател на парламентот

После парламентарните избори што се одржаа на 7 јуни годинава, фокусот на јавноста во Турција е усмерен кон изборот на претседател на парламентот.

Денес ќе се одржат првиот и вториот кург од гласањето за избор на претседател на парламентот.

Кандидати за иден претседател на парламентот се Исмет Јилмаз од АКП, Дениз Бајкал од ЏХП, Екмеледин Ихсанодлу од МХП и Денгир Мир Мехмет Фират од ХДП.

Според статутот на највисокиот законодавен дом привремениот претседател на парламентот и кандидат за нов претседател Дениз Бајкал ќе раководи со денешната седница на која ќе се реализира гласањето.

Бајкал изјави дека и покрај тоа нема законски пречки тој сепак нема да гласа.

Инаку за избор на претседател на парламентот потребни се 367 гласа во двата круга од гласањето.

Доколку и во двата круга ниту еден кандидат не обезбеди 367 гласа ќе се оди на третиот круг и тоа утре. Кандидатите на третиот круг ќе треба да добијат минимум 267 гласа за избор на претседател на парламентот.

Доколку и во третиот круг ниту еден од кандидатите не го обезбеди минимумот од 267 гласа, двајца кандидати со најмногу гласови ќе се натпреваруваат на четвртиот круг.

Кандидатот кој ќе добие најмногу гласови во четвртиот круг од гласањето ќе биде избран за претседател на парламентот.


Тагови:

Слични вести