Давутоглу на ифтар со претставниците на различни религии

Турција е спремна наспроти евентуалните опасности и закани од границата со Сирија и Ирак

323855
Давутоглу на ифтар со претставниците на различни религии

Премиерот Ахмет Давутоглу во Истанбул се состана на ифтарската вечера со претставниците на различни религии.

Во говорот што го одржа во оваа прилика премиерот Давутоглу се осврна на раздвиженоста на границата со Сирија и рече дека Турција е спремна наспроти евентуалните опасности и закани.

Турција ќе продолжи со напорите за окончување на хуманитарната драма на границата со Сирија и Ирак, рече премиерот Давутоглу и потенцираше дека ќе продолжиме да ги дочекуваме бегалците во најдобри услови, се со цел што поскоро да заврши хуманитарната драма.

Во случај да дојде до одредени тешкотии во врска со граничното обезбедување, Турција ги изврши сите потребни подготовки.

Турција исто така ќе продолжи со дипломатските активности и иницијативи за воспоставување мир на Блискиот исток, рече премиерот Давутоглу.


Тагови:

Слични вести