Турција продолжува со помошта на народот на Кобани

Турција е земја која излегува во пресрет на сите угнетени во светот

322776
Турција продолжува со помошта на народот на Кобани

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во говорот што го одржа на ифтарската вечера на Фондацијата за единство (Birlik Vakfı) во Анкара, рече дека Турција на проблемите на Блискиот Исток не гледа само од аспект на сектите.

Во освртот на терористичките напади на ИСИС на сирискиот град Кобани, Ердоган рече дека сите оние кои што во текот на светиот месец на постот Рамазан вршат напади врз невините цивили, немаат никаква заедничка карактеристика со исламот.

Турција е земја која многу трпеше од тероризмот и терористичките организации. На случувањата во Сирија никогаш не гледаме од аспект на етничкото или секташко потекло. Ниту денес не гледаме од тој аспект, рече Ердоган.

Турција е земја која излегува во пресрет на сите угнетени во светот, рече претседателот Ердоган и подвлече дека зедовме улога дури и во изнаоѓањето решение на проблемите на Турците Ујгури во Кина. Ердоган рече дека во текот на изминатите години имаше можност да ја посети областа во која живеат Турците Ујгури и дека Турција прими илјадници Ујгури и им даде државјанство на сите оние кои што ја напуштија татковината.

При поддршката на угнетените, Турција не прави никаква разлика од етнички и секташки аспект, рече претседателот Ердоган и потенцираше дека портите на Турција секогаш се отворени за сите оние кои што бегаат од смртта.

Во последните 5 месеци во Кобани Турција испрати околу 2 илјади камиони хуманитарна помош, рече Ердоган и нагласи дека како во минатото така и денес и во иднина ќе продолжиме со помошта и поддршката на браќата во Сирија и Ирак.


Тагови:

Слични вести