Премиерот Давутоглу одржа средба со Халифе Ел Гувејл

Турција ќе продолжи со поддршката на дијалогот во Либија

323088
Премиерот Давутоглу одржа средба со Халифе Ел Гувејл

Премиерот Ахмет Давутоглу ја прими либиската делегација предводена од страна на премиерот Халифе Ел Гувејл.

Средбата се одржа во канцеларијата на премиерот Давутоглу во Истанбул и беше затворена за печатот.

На едночасовната средба учествуваше и потсекретарот на Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ) Хакан Фидан.

Премиерот Ахмет Давутоглу на средбата рече дека ќе продолжи силната поддршка на Турција на политичкиот дијалог во Либија што се одржува под надзор на ОН.


Тагови:

Слични вести