Нема да дозволиме да се формира нова држава на северот на Сирија

Никој нема право Турција да ја оценува за терористичка земја

321761
Нема да дозволиме да се формира нова држава на северот на Сирија

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган обраќајќи му се на народот и светот рече дека Турција нема да дозволи да се формира нова држава на северот на Сирија, односно југот а нашата држава. Тоа сакам да го знае целиот свет.

Без оглед на цената, Турција ќе продолжи со борбата на тоа поле. И ние знаеме терористичките групи од каде добиваат помош и поддршка. Исто така сите инволвирани го знаат овој факт.

Во говорот што го одржа на Ифтарската вечера на турската Црвена полумесечина во Истанбул и програмата за доделување на награди, претседателот Ердоган рече дека кога ќе погледнеме на конечните резултати, можеме да согледаме дека Асад и ИСИС како и сепаратистичката терористичка организација во суштина напредуваат по иста линија. Кога постои овој факт, спомнувањето на името на Турција со тероризмот не претставува ништо друго освен злобност.

Никој нема право Турција да ја оценува за терористичка земја, рече претседателот Ердоган и подвлече дека само спомнување на Турција со било која терористичка организација претставува само клевета.

Турција секако дека ја подржува борбата за слобода во Сирија и има срдечен приод кон луѓето кои ги бранат своите права во Ирак. Но во период кога Турција ги прави овие работи, не соработува со терористичките организации. Турција не соработува ниту со режимот на Асад кој врши државен тероризам ниту пак со било која друга терористичка организација, рече претседателот Ердоган.

Во освртот на човечката драма во Сирија, претседателот Ердоган рече дека е неправедно препишувањето на цехот на целиот товар на драмата само на сметка на Турција и соседните земји на Сирија.

Без оглед на етничката, верска и секташка припадност, народите на Сирија и Ирак беа изложени на големи страдања, тага и жалост. Затоа што поскоро треба да се оконча овој нечовечен процес, рече претседателот Ердоган.


Тагови:

Слични вести