Исмет Јилмаз кандидат на АКП за претседател на собранието

Премиерот Ахмет Давутоглу соопшти дека кандидат на АК партијата за претседател на собранието е Исмет Јилмаз

321430
Исмет Јилмаз кандидат на АКП за претседател на собранието

Премиерот Давутоглу додаде дека преговорите за составување на идната влада ќе започнат по изборот на претседател на собранието и на претседателството. Претседателот Ердоган првин мене ќе ми го довери мандатот за составување на владата по што ќе започнат преговорите. Досега не е реализиран било каков контакт околу ова прашање, се што е кажано претставува личен став.

Со истакнувањето на Исмет Јилмаз за кандидат за претседател на собранието од страна на АК партијата, бројот на кандидатите за оваа функција се искачи на 4 и тоа Дениз Бајкал од ЏХП, Екмеледин Ихсаноглу од МХП и Денгир Мир Мехмед Фират од ХДП.


Тагови:

Слични вести