Не прекина интензитетот на нашите услуги и нема да прекине

Решителни да го продолжиме зацртаниот пат за надминување на песимизмот што сакаат да ни го препишат

312208
Не прекина интензитетот на нашите услуги и нема да прекине

Премиерот Ахмет Давутоглу рече дека ќе продолжат со работа во сите услови со цел да продолжи континуитетот на моќта и еланот кои ги постигна Турција во последните 13 години.

Во говорот на ифтарската вечера на Фондацијата Единство (Birlik Vakfı) во Истанбул, премиерот Давутоглу се осврна на резултатите од неодамнешните парламентарни избори што се одржаа на 7 јуни и рече дека нивната партија ги почитува резултатите и дека ќе направат се што е во нивна можност.

Не прекина интензитетот на нашите услуги и нема да прекине, рече премиерот Давутоглу и продолжи:

Одредени средини мислат дека Турција во претстојниот период ќе стагнира и ќе прекине со помошта на угнетените, ќе и се намали моќта, поради што привремено се чувствуваат среќни во своите ќошиња. Но без оглед на сите лоши сценарија, ние сме решителни да го продолжиме зацртаниот пат за надминување на песимизмот што сакаат да ни го препишат, бидејќи тргнавме на патот кој го предвидуваме за развој на земјата и нема враќање од зацртаните цели, рече премиерот Давутоглу.

Не Светскиот ден на бегалците беше доживеана и жалост и гордост, рече премиерот Давутоглу потенцирајќи дека Турција е земја која прими најголем број бегалци.

Во името на целиот народ уште еднаш сакам да истакнам дека овие територии на Анадолија ќе ги отвори своите прегратки и за нив, ќе ги прегрне и ќе ја покаже својата милост љубов.


Тагови:

Слични вести