Прв состанок на Владата по изборите

Економијата, случувањата на границата со Сирија и безбедносните прашања се главна тема на состанокот

303939
Прв состанок на Владата по изборите

По парламентарните избори на 7 март, под претседателство на премиерот Ахмет Давутоглу денес Владата ќе го одржи првиот состанок.

Главна тема на состанокот се економијата, случувањата на границата со Сирија и безбедносните прашања по изборите.

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш, министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, началникот на генералштабот генерал на армија Неџдет Озел и командантот на копнените сили генерал на армија Хулуси Акар на членовите на Владата ќе им одржат брифинг во врска со последните злучувања на границата со Сирија.

Потпретседателот на Владата Али Бабаџан, ќе одржи брифинг во врска со економските случувања, додека министерот за внатрешни работи Себахаттин Озтурк ќе ги информира за безбедносните прашања по изборите.


Тагови:

Слични вести