Ердоган ќе одржи средби со лидерите на 4 политички партии

Неизвесноста не треба да трае подолго

303549
Ердоган ќе одржи средби со лидерите на 4 политички партии

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на враќање од Баку во авионот одговараше на прашањата на новинарите.

Ердоган рече дека пред доделувањето на мандатот за формирање на Владата ќе одржи средби со лидерите на 4 политички партии.

Согласно политичките морални вредности, за мандатор за формирање на новата Влада ќе го именувам претседателот на партијата која освои најмногу гласови. Доколку тој не може да ја формира новата Влада, тогаш ќе го назначам претседателот на втората партија која освои најмногу гласови.

Претседателот Ердоган рече планира да ги повика лидерите на сите 4 политички партии и да ги сослуша нивните погледи. Во случај првата и втората партија не можат да формираат Влада, тогаш согласно уставот неизбежно ќе биде да се оди на предвремени парламентарни избори.

За да не дојде до прекин на меѓународните инвестиции во земјава како и меѓународните односи, неизвесноста не треба да трае подолго. Затоа што поскоро треба да се формира новата влада, подвлече претседателот Ердоган.

Поттикнувањето на надворешните медиуми по изборите дека наводно во Турција владее надмоќта на малцинството над мнозинството е многу погрешно рече претседателот Ердоган и додаде дека тоа е непочитување на националната волја и земјата.


Тагови:

Слични вести