Претседателот Ердоган замина за Баку

Ердоган ќе учествува на свеченото отворање на првите Европски олимписки игри

302183
Претседателот Ердоган замина за Баку

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган замина за Баку каде што ќе учествува на свеченото отворање на првите Европски олимписки игри.

Во рамките на дводневната посета на Баку, претседателот Ердоган се очекува да се состане со азербејџанскиот претседател Илхам Алијев, туркменскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов и рускиот претседател Владимир Путин.

Ердоган ќе учествува на свеченото отворање на првите Европски олимписки игри што која манифестација ќе стартува во 18 часот по турско време, а на која ќе учествуваа околу 6 илјади спортисти од 49 земји.

Претседателот Ердоган го придружуваат министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, министерот за енергетика и природни ресурси Танер Јилдиз и министерот за млади и спорт Акиф Чагатај Килич. Ердоган утре ќе го напушти Баку и ќе се врати во земјава.


Тагови:

Слични вести