Високиот изборен совет ги објави привремените резултати

1 милион 346 илјади гласови на парламентарните избори на 7 јуни беа прогласени за неважечки

298673
Високиот изборен совет ги објави привремените резултати

Високиот изборен совет на Турција ги објави првите привремени резултати од 25-те парламентарни избори во Турција.

Според соопштението објавено од страна на Високиот изборен совет, од 56 милиони 609 илјади регистрирани гласачи, на овие избори гласаа 47 и пол милиони гласачи.

Според овие податоци, учеството на граѓаните последните парламентарни избори што се одржаа на 7 јуни изнесуваше 83,92 насто и тоа е најголема бројка во последните години.

1 милион 346 илјади гласови на парламентарните избори на 7 јуни беа прогласени за неважечки.

Во соопштението на Високиот изборен совет, 4 партии го помина изборниот праг. Тоа се Партијата за правда и развој (АКП) со 40,87 насто, Републиканската народна партија (ЏХП) со 24,95 насто, Партијата за национално движење (МХП) со 16,29 насто, и Демократската партија на народите (ХДП) со 13,12 насто.

Записниците со изборните резултати, Високиот изборен совет им ги испрати на политичките партии и по истечувањето на законскиот рок за поднесување приговор и жалба на резултатите, официјалните резултати ќе бидат објавени најдоцна за 12 дена.


Тагови:

Слични вести