Свечено одбележана 562-та годишнина од освојувањето на Истанбул

Освојувањето на Истанбул треба да биде императив за повторно воскреснување и единство

298765
Свечено одбележана 562-та годишнина од освојувањето на Истанбул

562-та годишнина од освојувањето на Истанбул беше одбележано со свечена манифестација

На свеченоста што беше одржана по повод освојувањето на Истанбул кое затвори една ера во историјата и отвори нова, учествуваа претседателот на републиката Реџеп Тајип Ердоган, премиерот Ахмет Давутоглу и претседателот на Големото национално Собрание на Турција Џемил Чичек.

Свеченоста започна со концертот на воениот оркестар Мехтеран на Турските вооружени сили (ТВС) и учеството на 562 лица на Историската османлиска единица облечени во облеката на поранешните османлиски војници.

Авионите на ТВС со летовите што ги одржаа на небото ја збогатија свечената манифестација.

Свеченоста продолжи со читање на Куранот.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган освојувањето на Истанбул го оцени со зборовите дека тоа треба да биде императив за повторно воскреснување и единство.

Претседателот на Големото национално собрание на Турција Џемил Чичек рече дека Истанбул е спомен и аманет на Султанот Мехмет Втори освојувачот и дека сме должни да го чуваме овој спомен.

Премиерот Ахмет Давутоглу рече дека Истанбул ќе стане центар на светот.

Маршевите кои ги пееше воениот оркестар Мехтеран предизвикаа голема радост и возбудување кај публиката.

На големата платформа што беше формирана на местото каде што се одржуваше митингот, освојувањето на Истанбул беше оживеано со сценски ефекти. Манифестацијата заврши со огномет.


Тагови:

Слични вести