Ердоган остро реагираше на информациите објавени во Њујорк тајмс

Ердоган рече дека во САД има еден „партал“ кој се вика Њујорк тајмс

298827
Ердоган остро реагираше на информациите објавени во Њујорк тајмс

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган остро реагираше на информациите што беа објавени во весникот Њујорк тајмс против Турција.

Претседателот Ердоган за весникот Њујорк тајмс рече дека тој весник е партал и дека истоимениот весник и во 1896 година водеше клеветничка кампања против Султанот Абдулхамит.

Во говорот што го одржа на свеченоста по повод 562-та годишнина од освојувањето на Истанбул, претседателот Ердоган рече дека во САД има еден партал кој се вика Њујорк тајмс. Овој весник како и во минатото така и овојпат објави напис под наслов дека „Над Турција надвиснале црни облаци“. Овој весник и во 1896 година објави сличен напис во врска со Султанот Абдулхамит. Весникот како во минатото против Османлиската Империја и нејзиниот тогашен лидер така и денес против Република Турција и против мене лично води иста клеветничка кампања.


Тагови:

Слични вести