Истанбул е најстариот спомен на пишаната историја

Претседателот Ердоган и претседателот на парламентот Чичек објавија свечени пораки по повод 562’та годишнина од освојувањето на Истанбул

296991
Истанбул е најстариот спомен на пишаната историја

Освојувањето на Истанбул не само што го промени текот на дотогашната историја туку тој настан се смета за една од величествените победи во историјата на човештвото. Оваа победа резултираше со големи политички, општествени и културни промени.

Освојувачот на Истанбул Мехмет Фатих се одликува со својата толерантност кон другите немуслимански народи и со чувството кон правичност и тој има голема улога во претворањето на Истанбул во космополитски град, се вели во пораката на претседателот Ердоган.

Свечена порака до нацијата по повод годишнината од освојувањето на Истанбул испрати претседателот на парламентот Џемил Чичек. Во пораката на Чичек се вели следното: Истанбул е најстариот спомен на пишаната историја. Најголемата личност во тој спомен е султанот Мехмет Фатих. Наша цел е овој величествен град да го издигнеме до местото кое што го заслужува и на материјален и на духовен план.


Тагови:

Слични вести