Најголемиот музеј на Турција отворен од страна на претседателот

Во музејот е изложен и мозаикот на Орфеј еден од најпознатите на Едеса

288105
Најголемиот музеј на Турција  отворен од страна на претседателот

Најголемиот музеј на Турција вчера свечено беше отворен од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во Шанлиурфа.

Музејот на мозаик Халеплибахчекој и Археолошкиот музеј на Шанлиурфа кои се простираат на површина од 36 илјади метри квадратни содржат експонати откриени во рамките на археолошките ископувања во Шанлиурфа и околината.

Музејот содржи низа експонати кои можат да се видат само во Шанлиурфа.

Во музејот се изложени голем број експонати од античкиот период се до последниот период на Османлиите.

Со отворањето на музејот се надеваме дека Шанлиурфа ќе стане значаен привлечен центар во туристичкиот сектор, рече претседателот Ердоган и посочи дека заедно со светско познато езеро со риби Баликли Ѓол и музејот ќе одигра значајна улога во развојот на туризмот во регионот.

Во музејот е изложен и мозаикот на Орфеј еден од најпознатите на Едеса, кој беше прокриумчарен и донесен од музејот во Далас во 2012 година.


Тагови:

Слични вести