Интервју на Ибрахим Калин за ТРТ

Ибрахим Калин: европскиот континент со најголема економија која се проценува на 500 милиони евра не е во состојба да апсорбира толку мал број на бегалци

285249
Интервју на Ибрахим Калин за ТРТ

Потсекретар на претседателството и портпарол Ибрахим Калин даде интервју за ТРТ во САД каде отпатува по повод реализација на контакти во врска со борбата против ИДИЛ и хуманитарната драма во Сирија.

Калин во интервјуто рече дека Турција споделува исто мислење со САД, земјите од Персискиот залив и членките на ЕУ кога се работи за иднината на Сирија.

Велејќи дека на сите им е добро познато дека на Асад му нема место во иднината на Сирија, Калин додаде дека Турција презеде многу важни чекори во правец на реализација на забранетата зона за летови, воспоставување на сигурна зона и пружањето поддршка на сириската опозиција во рамките на програмата едуцирај-опремувај.

Ибрахим Калин додаде дека Турција пружа секаква потребна поддршка на сириските бегалци, воедно потенцирајќи дека европските земји и САД би требало да покажат поголема чувствителност кога се работи за оваа хумана работа.

Во Турција престојуваат околу 2 милиони бегалци од Сирија, но нивниот број во европските земји изнесува едвај 150 до 160 000.Се поставува прашањето како тоа да европскиот континент со најголема економија која се проценува на 500 милиони евра не е во состојба да апсорбира толку мал број на бегалци? Ова е навистина неверојатно. Сите ги затворија своите уши пред човечката трагедија која ја доживуваат сириските бегалци, подвлече Калин.

 


Тагови:

Слични вести