Игра на нерви над Егејот и Медитеранот

9 турски Ф-16Тки биле пресретнати од страна на грчки над Егејското и Средоземното море

284178
Игра на нерви над Егејот и Медитеранот

Турскиот Генералштаб извести дека 9 турски воени авиона од типот Ф-16 биле пресретнати од страна на грчки воени авиони над Егејското и Средоземното море.

Во соопштението на генералштабот објавено на интернет страницата се вели дека 9 од 16 турски воени авиона од типот Ф-16 во рамките на учеството на воените маневри „Морски волк 2015“ кои што се изведуваат деновиве во Егејското и Средоземното море биле пресретнати од страна на грчки воени авиони во времетраење од 3 минути.

Турските воени авиони возвратиле на ист начин.


Тагови:

Слични вести