Чавушоглу на самит на МИКТА во Сеул

Министерот Чавушоглу предупреди дека странските борци претставуваат голема опасност за Турција

284255
Чавушоглу на самит на МИКТА во Сеул

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу престојува на 5. Министерски самит на МИКТА (Мексико,Индонезија,Јужна Кореа,Турција,Австралија) во Сеул Јужна Кореа.

На самитот шефовите на дипломатиите на земјите од МИКТА дискутираат за низа актуелни прашања како што се мировните операции на ОН, реформи во Советот за безбедност, борба против тероризмот, проблемите со нелегалните имигранти, меѓусебна соработка во обновата и развојот на земјите, климатските промени, кибер безбедноста и други прашања.

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во своето излагање првиот ден од состанокот се осврна на кризата во Сирија и рече дека меѓународната јавност треба да изврши притисок врз властите во Дамаск заради реализација на Женевската декларација. Тој воедно додаде дека треба исто така да се подготви заедничка стратегија во борбата против тероризмот. Министерот Чавушоглу предупреди дека странските борци претставуваат голема опасност за Турција и дека токму заради тоа турските власти ги засилија безбедносните мерки, но тоа не е доволно рече министерот Чавушоглу и додаде дека се чувствува потреба од поголема меѓународна ангажираност на овој план.

Осврнувајќи се на имигрантската трагедија што се случи во Адаманското море министерот Чавушоглу рече дека единствен начин да се реши овој проблем е подобрување на состојбата на Рохингаците во Мијанмар. Турција истакна министерот Чавушоглу изразува спремност да одвои 1 милијарда долари за надминување на овој проблем.

На маргините на самитот МИКТА во Сеул министерот Мевљут Чавушоглу оствари низа билатерални средби со останатите учесници.


Тагови:

Слични вести