Ердоган ја заокружи посетата на БиХ

Посетата на претседателот Ердоган послужи за потпишување низа договори за соработка во разни области меѓу Турција и БиХ и меѓу бизнисмените на двете земји

282721
Ердоган ја заокружи посетата на БиХ

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган ја заокружи еднодневната официјална посета на Босна и Херцеговина и во вечерните часови се врати во земјава.

Претседателот Ердоган на сараевскиот аеродром го испратија министерот за цивилни работи на БиХ Адил Османовиќ, амбасадорот на Република Турција во Сараево Џихад Енгинај во придружба на сопругата и персоналот на амбасадата, градоначалникот на Сараево Иво Комшиќ и други.

Претседателот Ердоган положи цвеќе на гробот на првиот претседател на БиХ Алија Изетбеговиќ во Ковачи каде што го придружуваа претседателот на трипартитното претседателство на БиХ Бакир Изетбеговиќ, премиерот Денис Звиздиќ и претседателот на Исламската верска заедница на БиХ Реис ул улема Хусеин ефенди Кавазовиќ.

Претседателот Ердоган во Сараево присуствуваше на потпишувањето на договорот за доделување на кредит од турската Зираат Банка на БиХ.

Ердоган на свечен начин го пушти во употреба единствениот и обновен Иса Бегов Хамам како и реставрираната Царева Џамија во Сараево.


Тагови:

Слични вести