Честитка по повод 19 мај
Претседателот на собранието Џемил Чичек објави порака со свечена содржина по повод 19 мај
Претседателот на собранието Џемил Чичек објави порака со свечена содржина по повод 19 мај ден на потсетување на Ататурк и празник на младоста и спортот.
Во пораката на претседателот Чичек се истакнува следното:
19 мај е еден од важните датуми во историјата на турскиот народ. На овој ден беше искинат кефенот кој го кроеја непријателите на турскиот народ во моментите кога битката за ослободување се уште беше во тек.
Младите поколенија се наследниците на борбата за ослободување на татковината од окупаторите која започна во градот Самсун. Нашата младина со миразот стекнат од постарите поколенија со гордост и чест ќе го носи сето богатство стекнато низ вековите до идните генерации.
Слични вести

Претседателот Ердоган: Ја продолжуваме изградбата на голема и силна Турција
Претседателот Реџеp Тајјип Ердоган истакна дека ја продолжуваат изградбата на голема и силна Турција