Зарем смртната казна не беше забранета кај вас?

Зошто молчите?

278158
Зарем смртната казна не беше забранета кај вас?

Претседателот Ердоган на светот му се обрати со следните зборови: Зарем смртната казна не беше забранета кај вас? Што чекате сега?

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган остро реагираше на осудувањето на првиот избран претседател Мухамед Мурси на смртна казна.

Зарем Египет се врќа кон стариот Египет, рече претседателот Ердоган и во говорот што го одржа во Истанбул потенцираше дека Запад сеуште не го покажа својот став кон Сиси кој на власт дојде со државен удар.

Во Египет е донесена смртна казна за првиот избран претседател Мурси кој беше избран со 52 насто од гласовите на граѓаните. Во период кога Запад ја укинува смртната казна, за жал е многу индиферентен кога станува збор за смртната казна во Египет.

Западниот свет солидарува со Сиси кој на власт дојде со државен удар. Турскиот народ ќе направи се што е во негова можност да го запре овој тек, рече Ердоган.

Нешто потоа, претседателот Ердоган своите погледи и ставови во врска со прашањето ги сподели преку социјалните медиуми.

Ердоган на земјите членки на ЕУ и светот им се обрати со пораки на турски, англиски и арапски преку профилот на твитер.

Ердоган во твитот што го испрати рече дека секој куршум што беше испукан врз илјадници лица кои беа собрани на плоштадот Тахрир во Египет, во суштина беше насочен кон легитимната политика во целиот свет. Доколку денес Мурси се осудува на смртна казна, со истата се осудуваат гласачките кутии. Им се обраќам на земјите членки на ЕУ и светот: Зарем смртната казна не беше забранета кај вас? Што чекате сега? Зошто молчите?


Тагови:

Слични вести