Проценка од Чавушоглу за состанокот на НАТО во Анталија

Случувањата во Украина рече дека се искачија на ниво на закана за безбедноста на Европа и земјите во регионот

274382
Проценка од Чавушоглу за состанокот на НАТО во Анталија

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу направи проценка на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО што се одржува во Анталија.

Министерот Чавушоглу рече дека на седницата на состанокот беа дискутирани прашањата во врска со состојбата во Авганистан, Украина, странските борци, проблемот со бегалците, можностите за обезбедување на безбедноста на земјите од страна на НАТО во борбата против тероризмот, како и укинувањето на тероризмот.

Мевљут Чавушоглу во врска со случувањата во Украина рече дека се искачија на ниво на закана за безбедноста на Европа и земјите во регионот, поради што на тет-а тет средбата со украинскиот колега Климкин разговарале за зачувувањето на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, можноста за изнаоѓање решение по дипломатски пат.

Во врска со регионалните случувања на преден план излезе средбата на министерот Чавушоглу со англискиот министер за надворешни работи Хамонд.

Министерот Чавушоглу рече дека проблемите во Сирија како и прашањето во врска со странските борци ги засегаат особено Англија, Австралија како и другите земји.

Во врска со странските борци, министерот Чавушоглу рече дека покрај тоа што се зголеми нивото на размена на разузнавачки информации, сепак не е доволно од аспект на Турција.

На дневниот ред на Медитеранските земји се наоѓаа бегалците од Либија.

Министерот Чавушоглу потсети дека Турција во врска со бегалците од Либија, кое прашање се наоѓа на дневниот ред на Медитеранските земји, соработува во хармонија со ЕУ.


Тагови:

Слични вести