Започна министерскиот самит на НАТО во Анталија

Уводно излагање на отворањето на самитот поднесе премиерот Ахмет Давутоглу

273064
Започна министерскиот самит на НАТО во Анталија

Во Белек кај Анталија денес започна министерскиот самит на НАТО на кој освен домаќинот Турција учествуваат шефовите на дипломатиите на 28 членки на алијансата и на 17 други земји.

Уводно излагање на отворањето на самитот поднесе премиерот Ахмет Давутоглу. Давутоглу ја критикува меѓународната заедница поради немање доволно слух за воениот конфликт во Сирија и ја нагласи потребата за соработка во изнаоѓањето решение за истиот.

Кризата во Украина покажа колку е фрагилна безбедноста во Европа, истакна премиерот Давутоглу и додаде дека анектирањето на Крим кон Русија е сосема неприфатливо.

Премиерот Давутолгу се задржа на опасноста од ИДИЛ и рече дека меѓународната заедница треба да се обедини околу борбата против оваа терористичка организација. Турција како земја која директно се граничи со земјите каде владее теророт на ИДИЛ се соочува со закана по нејзината безбедност,подвлече премиерот Давутоглу.

Нешто потоа премиерот Давутоглу го прими американскиот државен секретар за надворешни работи Џон Кери. На средбата присуствуваа министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, потсекретарот на министерството за надворешни работи Феридун Синирлиоглу и амбасадорот на САД во Анкара Џон Бас. Во разговорот станало збор за билатералните односи, за соработката во рамките на НАТО и за турско-американскиот договор обучи-опреми .

Премиерот Давутоглу нешто потоа го прими генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Генералниот секретар Столтенберг го информира премиерот Давутоглу за кризата во Украина, за мисијата на алијансата во Авганистан и за терористичка организација ИДИЛ.

Турција од 1960 година по четврти пат е домаќин на министерски самит на НАТО.

 


Тагови:

Слични вести