Состанокот на НАТО започна со Мисијата „Одлучна поддршка„

Меѓународните организации и земјите во светот се недоволни во борбата против тероризмот.

273369
Состанокот на НАТО започна со Мисијата „Одлучна поддршка„

Турција е домаќин на министрите за надворешни работи на НАТО.

Состанокот се доржува во Анталија.

Дводневниот состанок започна со седницата посветена на МисијатаОдлучна поддршка“ на НАТО во Авганистан.

Седницата е прв состанок на ниво на министри за надворешни работи во рамките на мисијата „Одлучна поддршка“.

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу на прес конференцијата што ја одржа во врска со состанокот рече дека за жал, меѓународните организации и земјите во светот се недоволни во борбата против тероризмот.

Особено воздушните напади во борбата против ИДИЛ, рече министерот Чавушоглу и додаде дека предлозите на Турција во врска со тампон зоната ги споделија со надлежните.

Една од значајните теми на состанокот е Авганистан рече министерот Чавушоглу и потенцираше дека Турција е решителна во продолжувањето на помошта и поддршката на оваа земја во рамките на билатералните, регионалните односи како и НАТО.

Мевљут Чавушоглу во врска со кризата во Украина рече дека ставот на Турција во однос на прашањето е јасен, потенцирајќи дека решението на кризата меѓу Русија и Украина може да се реши единствено со сеопфатно учество и дијалог.

Во врска со безбедноста на Кримските Татари министерот Чавушоглу рече дека делегацијата за следење ан состојбата на Крим се врати од посетата и наскоро ќе изготви детален извештај.

На прес конференцијата министерот Давутоглу се состана со канадскиот и авганистанскиот колега.

По билатералната средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, министерот Чавушоглу на вечера се состана со Министрите за надворешни работи на земјите на Вишеградската четворка (В4).


Тагови:

Слични вести