Земјотреси во Средоземното море и Бурса

Во Средоземното море се случи земјотрес со јачина од 4,3 степени

269769
Земјотреси во Средоземното море и Бурса

Според податоците на сеизмолошкиот оддел на Управата за елементарни непогоди и итни состојби при Владата (АФАД), во утринските часови се случи земјотрес во Источно медитеранскиот басен на длабочина од 7 км.

Земјотресот беше регистриран дека се случил на 197 км од месноста Јазиќој во околината на Датча кај Мугла.

Земјотрес со јачина од 3,9 степени се случи во Гемлик кај Бурса.

Според податоците на Сеизмолошкиот институт Кандилли при универзитетот Богазичи, земјотресот што се случи утринава во 7.16 часот се случи на длабочина од 6.5 км.

Земјотресот беше почувствуван во Бурса и околните градови.


Тагови:

Слични вести