Безбедноста на ЕУ почнува од источните граници на Турција

Другите поглавја кои треба да се отворат, се спречени само поради политики причини

268652
Безбедноста на ЕУ почнува од источните граници на Турција

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека безбедноста на Европската унија не почнува од западните, туку од источните граници на Турција.

Во говорот што го одржа на програмата „50 години од односите меѓу Турција и ЕУ“ која манифестација беше одржана под покровителство на Фондацијата за економски развој, претседателот Реџеп Тајип Ердоган подвлече дека членството на Турција во ЕУ треба да се разгледува од аспект на регионалните и меѓународни случувања.

Случувањата во Сирија, Украина, Блискиот Исток и Кавказ, како и постојаниот пораст на регионалните закани, не принудуваат нас, Турција и ЕУ да преземаме заеднички активности против истите. Затоа, безбедноста на Европската унија не почнува од западните, туку од источните граници на Турција, рече претседателот Ердоган.

Во освртот на процесот на преговорите со ЕУ кој почна во 2005 година, претседателот Ердоган рече дека до денес се отворени 14 поглавја, додека 25 он нив кој се однесува на науката и истражувањата, за жал привремено е затворено.

Другите поглавја кои треба да се отворат, се спречени само поради политики причини, рече претседателот Ердоган и додаде дека покрај сите тешкотии, Турција беше решителна и решително ќе ги продолжи натамошните преговори и во наредните 10 години.


Тагови:

Слични вести