Повик од Чавушоглу до турските печалбари да гласаат на изборите

Со порталот „Мемлекетим (Родниот крај)“, ќе зајакнат односите меѓу турските граѓани кои живеат во странство и Турција

267069
Повик од Чавушоглу до турските печалбари да гласаат на изборите

Повик од министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу до граѓаните во странство да гласаат на претстојните избори.

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во рамките на посетата на Германија каде што учествуваше на свеченото отворање на некои објекти и програмата, го посети турскиот еснаф во Минхен.

По сослушувањето на проблемите на турските граѓани, министерот Чавушоглу се состана со граѓаните кој собир беше организиран од страна на Сојузот на европските турски демократи.

Чавушоглу од граѓаните бараше да гласаат на претстојните парламентарни избори.

Во стекнувањето на турските граѓани кои живеат и работат во странство со правото на гласање, голема улога има Сојузот на европските турски демократи, подвлече министерот Чавушоглу.

Посочувајќи на значењето на промоцијата на порталот „Мемлекетим (Родниот крај)“, министерот Чавушоглу рече дека ќе ги зајакнат односите меѓу турските граѓани кои живеат во странство и Турција и во тие рамки на граѓаните ќе им пружаат многу убави услуги во образованието, семејното консултирање, социјалните услуги и културните активности на граѓаните од сите возрасти.


Тагови:

Слични вести