Остро ја осудуваме неправедната одлука на парламентот Луксембург

Анкара го повика амбасадорот во Луксембург, Шахинкаја

267161
Остро ја осудуваме неправедната одлука на парламентот Луксембург

Турција остро ја осуди одлуката на Луксембуршкиот парламент што ја усвои во врска со случувањата во 1915 година и која ги поддржува наводните ерменски тврдења.

Во соопштението на МНР беше истакнато следното:

Остро ја осудуваме неправедната одлука усвоена од страна на парламентот на Луксембург кој ги искривува историските вистини и правото.

Одлуката на парламентот на Луксембург е многу далеку од Договорот на ОН од 1948 година на кој се повикува.

Доколку парламентите на земјите во светот почнат себеси да се ставаат во позиција на меѓународни судови и донесуваат пресуди за кривичните дела, особено како што е геноцидот, тогаш ја злоупотребуваат историјата и правото, беше истакнато во соопштението на МНР.

Турција, достоинствено и во рамките на меѓусебно почитување ќе продолжи да се сеќава на тажните моменти од заедничката истрија со Ерменците, подвлече МНР во сопштението.

Амбасадорот на РТ Левент Шахинкаја во Лускембург беше повикан на консултации во Анкара.


Тагови:

Слични вести