Нема никакви промени во турската политика кон Сирија

Турција соработува со Англија, САД и другите сојузнички земји

267057
Нема никакви промени во турската политика кон Сирија

Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека нема никакви промени во надворешната политика на Турција кон Сирија.

Министерството направи проценка на информацијата на една странска новинска агенција во врска со поддршката и соработката на Турција и Саудиска Арабија со силите кои војуваат против режимот на Асад.

Според информациите од МНР, надворешната политика на Турција кон Сирија се поистоветува со политиката на Саудиска Арабија кон оваа земја.

Извори на МНР потенцираа дека Турција соработува со Англија, САД и другите сојузнички земји.

Претставниците на МНР подвлекоа дека организацијата Ал Нусра сеуште се наоѓа на листата на терористички организации на Турција.


Тагови:

Слични вести