Прво турско оружје кое ќе се монтира на борбените авиони Ф-35

ТУБИТАК ќе биде научната и технолошка база која ќе ја подготвува иднината на Турција

265667
Прво турско оружје кое ќе се монтира на борбените авиони Ф-35

Ќе биде првото турско оружје кое ќе се монтира на борбените авиони Ф-35

Министерот за наука, индустрија и технологија Фикри Ишик се осврна на значајните достигнувања во сферата на одбранбената индустрија.

Министерот Ишик рече дека приоритетна задача е да го зголемиме нивото на додадената вредност и да произведеме квалификувани производи и да обезбедиме поголеми приходи.

Во знак на поддршка на секторите за дизајн, истражување и развој и иновации во кои сме силни, формиравме посебни центри за истражување и развој.

Нивото кое го достигнавме во одбранбената индустрија е многу значајно рече министерот Ишик и потенцира дека постигнавме значаен успех во искачувањето на домашното производство до 55 насто. Произведуваме многу критични делови за многу значајни компании во светот. Ракетите што се произведуваат од страна на ТУБИТАК, ќе се монтираат на борбените авиони Ф-35. Оружјето што ќе се монтира на борбените авиони Ф-35 првпат ќе биде од турско производство и вон американско производство.

Министерот Ишик додаде дека ТУБИТАК ќе биде научната и технолошка база која ќе ја подготвува иднината на Турција.


Тагови:

Слични вести