Не дозволуваме историјата и честа да биде тема на дискусии

Никој не може да ги учи нашите деца за некоја историја која е исполнета со навреди

260347
Не дозволуваме историјата и честа да биде тема на дискусии

Премиерот Ахмет Давутоглу во германскиот град Дортмунд се состана со печалбарите и го критикуваше ставот на Германија кон случувањата од 1915 година.

Обраќајќи му се на германскиот парламент, премиерот Давутоглу остро реагираше кон повторното внесување на тврдењата во врска со случувањата од 1915 година во наставната програма во училиштата и рече: На сите оние кои што без да погледнат на својата историја сакаат да ни одржат лекција, отворено и јасно сакам да им кажам дека Турција, нема да дозволи својата историја и чест да биде тема на дискусии на другите.

Премиерот Давутоглу потенцираше дека со третите страни нема да дискутираме за ништо во врска со случувањата. Ако бидете настојчиви во внесувањето на темата во наставната програма, со цел новите генерации на Германија да научат нешто за минатото и полесна интеграција, тогаш драги браќа, неизучувањето на оваа настава програма е ваша задача. Никој не може да ги учи нашите деца за некоја историја која е исполнета со навреди. Ние сме спремни за слобода на идеите и изразувањето, критики, но не се согласуваме со навреди и искривување на историјата, подвлече премиерот Давутоглу.


Тагови:

Слични вести