Денес Давутоглу ќе престојува во еднодневна посета на Германија

Гласањето на турските печалбари во Германија ќе започне на 8 мај

259257
Денес Давутоглу ќе престојува во еднодневна посета на Германија

Денес премиерот Ахмет Давутоглу ќе направи пауза на програмата на митинзи во земјава и ќе престојува во еднодневна посета на Германија.

Давутоглу свечено ќе ја отвори зградата на Генералниот конзулат на РТ во Дизелдорф.

Во рамките на посетата, премиерот Давутоглу во Дортмунд и Дизелдорф ќе се состане со претставниците на турските заедници и ќе им упати повик да гласаат на изборите.

На 7 јуни печалбарите првпат ќе гласаат на паарламентарните избори.

Гласањето на турските печалбари во Германија ќе започне на 8 мај и околу 1.5 милион гласачи се очекува да гласаат на овие избори.

На средбата со Турците во Германија, премиерот Давутоглу ќе ги изнесе односите меѓу Турција и ЕУ како и интеграцијата на Турците.


Тагови:

Слични вести