Денес е 1 мај, Меѓународен ден на трудот и солидарноста

1 мај во целиот свет и Турција се слави со различни манифестации

257871
Денес е 1 мај, Меѓународен ден на трудот и солидарноста

На плоштадот Таксим во Истанбул, претставниците на некои синдикати дојдоа на угорнината Казанџи јокушу и положија каранфили во знак на сеќавање на загинатите. Исто така поставија венец на Споменикот на Ататурк.

Полицијата не дозволува масовно славење на 1 мај на плоштадот Таксим.

Полицијата презеде големи безбедносни мерки.

По повод 1 мај, во Анкара и другите градови ширум земјава ќе се одржат низа свечени манифестации и маршеви.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во пораката по повод 1 мај, Меѓународниот ден на трудот и солидарноста упати порака за единство и солидарност.

Посакувам 1 мај да помине во мирна и свечена атмосфера, далеку од сите провокации.

Работниците во Турција имаат голема и значајна улога во зголемувањето на прогресот и просперитетот на Турција, рече претседателот Ердоган изразувајќи верување дека силата од производството ќе ја употребат со голема чувствителност.

Верувам дека при барањето на прават ќе ја добијат поддршката на целото општество и ќе продолжат да играат предводничка улога во единството на земјата, потенцираше претседателот Ердоган.


Тагови:

Слични вести