Воспоставувањето на стабилноста во Јемен има големо значење

Турција ги подржува коалиционите сили предводени во Саудиска Арабија

251408
Воспоставувањето на стабилноста во Јемен има големо значење

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган пред денешната официјална посета на Кувајт во ексклузивното интервју за Кувајтската новинска агенција (КУНА) рече дека Турција и Кувајт споделуваат заедничко мислење во врска со воспоставувањето на стабилноста благосостојбата и просперитетот во регионот.

Посетата претставува извонредна прилика за размена на мислењата во врска со можностите за изнаоѓање решение на кризата во Јемен, Палестина и Сирија, рече претседателот Ердоган и додаде дека воспоставувањето на стабилноста особено во Јемен има мошне големо значење. Турција ги подржува коалиционите сили предводени во Саудиска Арабија меѓу кои се наоѓа и Кувајт. По завршувањето на првата етапа која претежно се базира на воени операции, големо значење има успешното спроведување на втората политичка етапа.

Приврзаниците на движењето Хуси во Јемен треба да ги окончаат операциите и да се вклучат во политичкиот процес на земјата, посочи претседателот Ердоган и подвлече дека Турција и меѓународната заедница го очекуваат тоа.

Во врска со состојбата на сириските бегалци, претседателот Ердоган рече дека гледано според податоците за април 2015 година, бројот на сириските бегалци кои се засолнаа во Турција изнесува 1,7 милиони лица и досега нивните трошоци достигнаа 5.5 милијарди долари.

Турција своите порти ги отвори за бегалците без оглед на нивното верско или етничко потекло, подвлече претседателот Ердоган и ја осуди меѓународната заедница поради индиферентниот став во однос на случувањата во Сирија.

Ердоган упати повик до земјите во светот да се спротивстават на терористичките организации кои се хранат од режимот на Бешар Асад во Сирија и хаосот на ИДИЛ.


Тагови:

Слични вести