МНР остро реагираше на изјавата на Путин

Русија треба да ги насочи и поттикне Ерменија и Ерменците позитивно да одговорат на повикот на Турција и Турците за пријателство и мир

250036
МНР остро реагираше на изјавата на Путин

Рускиот претседател Владимир Путин за случувањата во 1915 година го употреби изразот „геноцид“ по што МНР објави остро предупредување.

МНР во соопштението го изнесе ставот дека Турција го одбива и осудува овој став.

Во писменото соопштение на МНР кое претставува одговор на зборовите на Путин,беше изнесено дека овој вид политички изјави кои претставуваат отворено прекршување на правото, немаат никакво значење од аспект на Турција.

Ако се земе во предвид нечовечното однесување на Русија кон турските и муслиманските заедници, тогаш Русија многу подобро знае што во суштина претставува „геноцидот“ и тоа од правен аспект, како што беше оценет од страна на претседателот Путин.

Настојчивоста на Русија во погрешната процена на случувањата, нема да помогне во воспоставувањето на мирот и прогресот. Русија треба да го напушти пристрасниот приод кон случувањата и треба да ги насочи и поттикне Ерменија и Ерменците позитивно да одговорат на повикот на Турција и Турците за пријателство и мир, беше подвлечено во соопштението на МНР.


Тагови:

Слични вести